ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ : СКОПЈЕ НЕ Е ВМРОВСКИ ГРАД ТУКУ НА ГРАЃАНИТЕ

0
640

После првиот изборен круг стоиме овде исправено да ви кажеме дека го сфативме гневот, ја сфативме пораката, спремни сме да ги извршиме сите промени кои се неопходни во нашата држава, град и општина, порача кандидатот на СДСМ Петре Шилегов на митинг во Карпош.

-За да можеме да дојдеме до тоа треба да го зачуваме Карпош, треба да го сочуваме Скопје бидејќи после и првиот изборен круг веќе се е јасно, имаме едноставен избор, дали сакаме градот да го движиме напред да постане модерна европска престолнина или да го вратиме назад во лагите, во стиропорот, во митовите и бронзата лажна која што ни ја сервираа – рече Шилегов.

Тој додаде дека Скопје не е вмровски град како што скандирааа од ВМРО-ДПМНЕ, туку, според него, Скопје е на граѓаните.

-Денеска се распиша тендерот конечно, после 40 години конечно распишан е тендерот за БРТ, државен проект потпомогнат од владата, она што 40 години нашите претходници, она што 27 години ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го направи, за 2 и пол години го доведовме до реализација, со тие два коридора, со БРТ во средина Скопје ќе стане град со најголема пешачка зона во Европа – најави Шилегов.