ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ: РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЗАПОЧНУВА ВО ПОЛН ЕК

0
730

🏗Реконструкцијата на Универзалната сала во центарот на Скопје е во полн ек. Денеска пристигна металната конструкција на новата сала со чие поставување ќе се овозможи брзо завршување на надворешноста на овој култен објект за Скопје и за скопјани.

👉Вчера споделив со јавноста како планираме да изгледа внатрешноста на објектот. Карактерот на објектот е таков што прво мора да се сработи надворешноста, зашто објектот е монтажен, за потоа да влеземе внатре. Во наредните 40-на дена очекувам овој дел од работите да биде во целост завршен, а скопјани на почетокот на октомври да ја видат новата надворешност, со дел сработена внатрешност на Универзалната сала. Во изминатите два месеца работевме на фундаментите, на поставувањето нови темели кои можат да ја носат целата оваа конструкција која беше предмет и на сеизмолошки испитувања за да не се наруши статиката и стабилноста на објектот. Ова се всушност носечките столбови на новата Универзална сала.

👷‍♂️Со реконструкцијата целосно ќе биде обновена внатрешноста, фоајето и влезниот дел на Универзалната сала, целосно ќе биде обновена надворешноста, објектот ќе стане енергетски ефикасен, ќе има сериозна интервенција во машинскиот дел, во сценскиот дел и делот на техниката.

#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје,  Петре Шилегов.