ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ПРОБА ДА И ОБЈАСНИ НА ЈЕЛЕНА ЖУГИЌ ШТО Е ПРОЕКТ А ШТО ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈА: Замисли ти да си Јулија во преставата Ромео и Јулија…

0
2543

– Зошто се издвојуваат 7 милиони денари за изработка на проект за 3 години, кога веќе има готова студија во Општина Сарај? – праша советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Јелена Жугиќ, на што градоначалникот Шилегов замоли да се прави разлика помеѓу студија и проект.

Тој објасни дека студијата е визија како нешто треба да изгледа, а проектот е она што е замислено да се подготви за да може да се реализира.

– Вие сте актерка, да си замислите да направите некоја претстава е студија, а кога ќе го направите сценариото за таа претстава, тоа е проект. Шекспир бил инспириран од љубовта, тоа е студија. Ја напишал „Ромео и Јулија“, тоа е сценарио. Се надевам дека некогаш ќе ја играте Јулија, па тоа ќе биде извршен проект – ѝ одговори Шилегов на Жугиќ.