ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ: КЛУЧКАТА КАЈ БУЛЕВАРОТ СЛОВЕНИЈА И КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК НОВ ГОЛЕМ ПРОЕКТ ЗА СКОПЈЕ

0
714

👷‍♂️Денеска заедно со вицепремиерите, Артан Груби и Фатмир Битиќи најавиме уште еден голем проект за жителите на Скопје – изведбата на клучката кај булеварот Словенија, која заедно со клучката кај Момин поток се наоѓа на едната од двете главни рути кои ги поврзуваат северниот и јужниот дел од градот.🛣

🚧Станува збор за огромен проект во вкупна вредност од околу 8,5 милиони евра, од кои за првата фаза 2 милиона евра се обезбедени со поддршка од Владата преку ребаланс на Буџетот на Република Северна Македонија. Со цел да се намали сообраќајниот метеж на овој потег, проектот предвидува денивелиран патен јазол чија конструкција предвидува 5 рампи кои директно ги поврзуваат булеварите Словенија и Никола Карев и улицата Новопроектирана 6. По должина на целата сообраќајница ќе биде поставено најсовремено ЛЕД булеварско осветлување, средишно и странично зеленило, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот.🛣

🏗Изградбата на оваа клучка е од особено значење заради пробивањето на двата булевари, булеварот Словенија кон Карпош и булеварот Хасан Приштина кон излезот за Косово.

✅За потсетување, во северниот дел од градот Градот Скопје веќе ги заврши булеварите Босна и Херцеговина, Христијан Тодоровски Карпош и Никола Карев, а во тек е изведбата на клучката кај Момин поток.🛣

#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.