ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ЗА НОВОТО ГРАДЕЖНО ЧУДО: ВИСЕЧКИ МОСТ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ПОВРЗУВА ПОВЕЌЕ ГРАДСКИ ОПШТИНИ

0
984

На мое огромно задоволство, за само четири години во Скопје почнуваме да градиме втор мост. Првиот се гради меѓу општините Аеродром и Гази баба, а сега градиме овде, во Карпош.

Овој мост значи спојување на градот, спојување и комуникација на луѓето, мост кој што е од многу важно значење за понатамошниот развој на градот зашто во оваа фаза од Илинденска се спојуваме на улицата Скупи, а во следната фаза продолжуваме до булеварот Словенија, за да можат граѓаните од Ѓорче Петров, од Волково и од Ново село да бидат блиску до останатиот дел од градот.

Со овој мост карпошани ги поврзуваме со обиколницата, имајќи предвид каква инфраструктура гради Градот на потегот кај Момин поток.

Овој мост немаше да го реализираме ако ја немавме несебичната помош и поддршка од Влада на Република Северна Македонија која со прераспределбата на средствата на ТАВ за изградба на карго аеродромот во Штип додели околу 380 милиони денари на Град Скопје за изведба на овој мост – прв висечки мост, архитектонско чудо кое што има претензија да стане ново обележје на нашиот град.

#СкопјеЕднаПоинакваПриказна #ЧекорПоЧекор

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.