ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ : ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО ОБНОВИ ЗЕЛЕНИЛОТО НА БУЛЕВАРОТ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ НА БАРАЊЕ НА ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА КАРПОШ

0
582

🌿На барање на жителите на Општина Карпош Градот Скопје ќе го обнови зеленилото на булеварот Партизански одреди, на потегот од крстосницата со улицата Московска до крстосницата со улицата Париска.

🍃Почнуваме овде на булеварот Партизански одреди, на потегот од улицата Московска до улицата Париска, на површина од околу 4.000 квадратни метри. Ова зеленило беше сериозно запуштено, имајќи предвид дека во минатото било само засадено без соодветни системи за одржување.

Сега, на оваа површина ставаме целосен систем „капка по капка“ што ќе овозможи развој на вегетацијата и подигнување на стандардите за квалитет на зелените површини, како и одвојување на пешачкиот од велосипедскиот сообраќај.

Фејсбук статус на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.