ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ГО ПОТПИША КОДЕКСОТ ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГРАД СКОПЈЕ, ОНА АРОГАНТНО И НЕУТРО ВМРОВСКО КАНДИДАТЧЕ ДАНЕЛА АРСОВСКА ДЕНЕС САМО ТУРИ ПОТПИС РАДИ РЕДА И ЈА СПРАШТИ ВЕДНАШ ПО ШТУРАТА ИЗЈАВА ЗА НОВИНАРИ

0
794
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов денеска го потпиша Кодексот за фер и демократски избори.
– Денеска со дел од кандидатите за градоначалник на Град Скопје, го потпишавме Кодексот за фер и демократски избори. Со потписниците на овој Кодекс, заеднички се обврзавме дека изборната кампања ќе ја водиме во фер и демократски услови, кои подразбираат доследно почитување на Уставот и законите во текот на целата кампања, истакна Шилегов.
СДСМ како и досега, на овие избори ќе води фер и позитивна кампања со која пред граѓаните ќе даде отчет за сработеното и ќе ги промовира програмите кои носат напредок за општините.
Со најдобрата кадровска и програмска понуда, СДСМ е убедлив фаворит и извесен победник на претстојните избори на кои граѓаните ќе ги потврдат успешните политикии ќе одберат развојот на општините да продолжи со СДСМ.