ПЕТКОВ ПОЧНА ДА СЕ ЗАЕБАВА СО ТРИФОНОВ : БУГАРИЈА ИМА ШАНСА, МАФИЈАТА ШТОТУКУ ГО ЗАГУБИ КОАЛИЦИОНИОТ ПАРТНЕР

0
835

Бугарскиот премиер Кирил Петков на вонредна прес конференција јавно им се заблагодари на пратениците кои ја напуштија партијата „Има таков народ “ и со тоа останаа во владејачкото пратеничко мнозинство. Тој во своето обраќање изјави дека му благодари за храброста на министерот за спорт Радостин Василев кој, како што вели Петков,“ со сите сили се борел да ја победи мафијата во спортот без помош од лидерот Слави Трифонов“.

„Благодарност до Георги Георгиев, Иво Атанасов, Николај Радулов, Дејан Петков, Светлин Стојанов. Денеска видов некои храбри луѓе кои знаат дека нивната лојалност не е кон бекстејџ пејачот со неговите 20-годишни пријатели и Орлин Алексиев и друштвото. Им честитам. Бугарија има шанса, мафијата штотуку го загуби коалициониот партнер“, изјави Петков.

Тој додаде дека зборот партија го нема во заклетвата на пратениците.

„Земјата не треба да ја водат сценаристи или поранешни премиери во џипови и почесни претседатели на плевни. Мафијата ја загуби можноста да формира влада,“ изјави министерот за финансии Асен Василев.

Пресврт во Бугарија – Што следи по излегувањето на Трифонов од владата

„Овие луѓе се против бекстејџ моделот што го видоа на „Има таков народ“. Ова Народно собрание ќе има мнозинство луѓе кои ќе кажат „Не за мафијата“, рече Петков.

Се надевам дека ќе има и други храбри пратеници, додаде Василев.

Неколку часа претходно, лидерот на ИТН, Слави Трифонов , во својата објава на Фејсбук напиша дека има информации за пратеници кои планираат да ја напуштат групата ИТН во парламентот, за кои како што тврди „најверојатно се купени со пари и со потегот прават предавство“.

Според министерот за спорт, вистинската причина Трифонов да ја напушти владејачката коалиција не е Северна Македонија, туку она што се случува во Министерството за регионален развој и јавни работи.

Василев- Мафијата проби во „Има таков народ“, Македонија е имагинарна причина

Трифонов соопшти дека „става крај“ на коалицијата што ја формираше бугарската влада. Аргументите на неговата партија „Има таков народ“ (ИТН) варираат од обвинувања за несоодветна политика кон Македонија до намалување на парите за инфраструктура.