ПЕТКОВ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО КОВАЧЕВСКИ : ГРАЃАНИТЕ НА ДВЕТЕ ДРЖАВИ МОЖАТ ДА УЖИВААТ ВЗЕМНА ПОЧИТ И ПРОСПЕРИТЕТ

0
449

Бугарскиот премиер Кирил Петров објавувајќи фотографија со македонскиот колега, Димитар Ковачевски вели дека граѓаните на Македонија и Бугарија можат да уживаат взаемна почит, почитување на нивните права и просперитет.

–Двете земји активно придонесуваат за развојот на заедничките претпријатија кои создаваат огромна додадена вредност заедно, имаат растечки економии, имаат заеднички детски кампови, имаат заеднички концерти, имаат заеднички образовни програми, немаат граница помеѓу нашите две земји, немаат дискриминација, немаат говор на омраза, градат автопати, имаат модерни возни линии, напиша Петков на Фејсбук.

Вели дека за многумина овие идеи звучат како сон, други организираат секакви провокации за тоа да не се случи, а некои едноставно сакаат дестабилизација на Балканот.

-Димитар и јас веруваме дека ова е можно, и нема да се покориме на провокации, туку ќе работиме намерно и заедно за да го постигнеме тоа. И на сите злонамерни страни, можам само да кажам: „Нема да нѐ сопреш“, напиша Петков на Фејсбук.