Петар Колев -Благодарност до ТВ Алфа за емисијата „Заспиј ако можеш“

0
1170

Почитувани,

Ја користам оваа прилика јавно да им се заблагодарам пред се на сопствениците на телевизија Алфа, Горан Балаќ и Петер Шац поради нивниот високо професионален пристап со менаџирањето на компанијата која ја поседува телевизија Алфа.

Се разбира, тоа не би било можно без уредувачкиот квалитет на редакцијата на самата телевизија.

Мојава реакција е резултат на последното издание на емисијата „Заспиј ако можеш“ емитувано на 6 јуни, а посветено на односите помеѓу Македонија и Бугарија, а во која беше искористена и хумористичната емисија емитувана на БНТ пред единаесет години.

Пријатно сум изненаден поради тоа што немаше никакви интервенции во видео снимката од која секако секој ќе заклучи дека станува збор за емисија од забавен карактер.

Моите честитки поради објективноста и до уредникот на емисијата и верувам дека телевизија Алфа ќе биде и за Граѓанско Демократската Унија место за дијалог и место за спротивставување на аргументи, ставови и визии.

Искрено,

Петар Колев

Претседател на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ