Пендаровски: Слушајте што ви кажувам, во првата изборна единица СДСМ и опозицијата ќе победи со двојно повеќе мандати

0
1333

Носителот на листата во изборната единица 1, од Коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендаровски на митингот во Карпош рече дека последниве денови се чувствува заборавен и напуштен-пред едена недела Груевски избегал од изборната единца 1, а Никола Поповски пред три дена му избегал од студио.

Последниве денови, рече, чув коментари па дури и критики од режимот дека прогнозите кои ги правел не биле точни, дека прогнозирал победа и на претседателските избори.

„Вие знаете дека Пендаровски не згреши и во 2014 година, тие ги украдоа изборите, затоа слушајте што ви кажувам- во првата изборна единица, СДСМ и опозицијата ќе победи со двојно повеќе мандати и широко ќе ги отвори вратите за победа на опозицијата во цела Македонија.

Ова ќе бидат најважните избори во Македонија, политичката важност е идентична со референдумот од 8 септември, 1991 година, на 11 декември ќе гласаме во огоромен број да си ја сочуваме државата.

Да гласаме за бројот 4 во сите изборни единици, и да ја прогласиме четвртата Република-Слободна Република Македонија“, рече Пендаровски на митингот во Карпош.