ПЕНДАРОВСКИ: НАЈОСТРО ГО ОСУДУВАМ ПАЛЕЊЕТО НА ОБЈЕКТОТ НА КУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР НА БУГАРСКАТА ЗАЕДНИЦА ,,ВАНЧО МИХАЈЛОВ ” ВО БИТОЛА

0
432

По Министерството за надворешни работи и Обвинителство, палењето на Културниот Центар во Битола најостро го осуди и Претседателот Пендаровски. Тој на својот фејсбук профил напиша:

“Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија. Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, да ги преземат сите потребни мерки, да се откријат и санкционираат сторителите.”