Пендаровски: За разлика од фамилијата, која ги полнеше само сопствените џебови, идната власт ќе ги врати парите кај граѓаните

0
1341

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на овие предвремени парламентарни избори се реши за носител на кандидатската листа во Првата изборна единица да го стави Стево Пендаровски. Во интервју за МКД.мк Пендаровски зборува што очекува од изборите, зошто се кандидирал, што ќе се случува со Скопје 2014 доколку СДСМ победи на изборите, што ќе се случи со администрацијата…

Да го разбиеме митот: дали сте член на СДСМ?

-Мит не постои. Никогаш не сум бил член на ниту една политичка партија.

Што Ве натера пак да се вратите на кандидатска листа на СДСМ?

-Сакав да дадам свој придонес во демонтирањето на диктатурата, затоа што мојот прв обид заврши неуспешно поради двете владејачки партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Го сметате ли Никола Попоски за тежок противник во Единицата? Кој Ви е главниот аргумент во „борбата“ против него?

-Аргументот е многу едноставен и многу јасен. Мојот противкандидат во Изборната единица еден е член на партија чие раководство се сомничи дека функционирало како злосторничко здружување, кое ја присвоило државата за сопствено богатење.

Целото интервју ОВДЕ