ПЕИ повикува на протест пред Уставниот суд

0
922

Партијата за Европска Иднина – ПЕИ , со загриженост констатира дека правното функционирање на институциите на системот, владеење на правото, независноста на судските органи како и политичката одговорност на чинителите на јавниот политички живот во државата, се повеќе и се појасно се доведуваат во прашање со последните настани и случувања.

Обидот да се амнестира изборниот криминал преку ‘’ Уставниот суд ‘’ е само уште еден доказ плус дека покрај досегашното уривање на било каква можност за морална и политичка одговорност , се прави исчекор во правец на амнестирање и од правна одговорност на ониe кои што се огрешиле пред законот со криминал и фалсификат на изборите во претходните изборни циклуси. Токму затоа , Партијата за Европска Иднина ја подржува граѓанската иницијатива за масовен протест пред Уставниот суд и воедно ги повикува своите членови и симпатизери како и сите граѓани на Република Македонија да дадат активно учество и подршка на протестот закажан за утре (15.03.2016 г.) и да во 18 часот дојдат пред Влада а оттаму преку Собрание до Уставниот суд“, соопштуваат од Партијата за европска иднина на Фијат Цаноски.