ПДП: Говорот на Иванов полн со празна реторика и партиски вокабулар

0
992

Полн со празна патриотска реторика, оправдување и фалење пред партиското членство. Вака ПДП го оцени годишното обраќање на претседателот Ѓорѓе Иванов.

-Овој (се надеваме) последен предновогодишен говор пред членовите на својот кабинет на Ѓорге Иванов беше полн со празна патриотска реторика, оправдување и фалење пред партиското членство и со партиски вокабулар на партијата на која тој и припаѓа и цело време и верно и служеше. ПДП го потсетува Иванов дека секое општество во демократските земји се управува од страна на државните политички и други институции додека со автократските држави управуваат автократите од типот на Ким Ил Јонг, велат од ПДП.

Тргнувајќи од тоа каков тип на идно државно уредување и е потребна на Република Македонија ниту е во ингеренциите на Иванов ниту пак во негова непостоечка политичка моќ за да тој може да одобрува или забранува нешто, заклучуваат од ПДП.