ПАЧЕШКОСКИ : ДВОЈНО ЈА ЗГОЛЕМИВМЕ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОД 8.800 ДЕНАРИ ЗА ВРЕМЕ ВМРО-ДПМНЕ ДО СЕГА ОД 18.000 ДЕНАРИ

0
637

Прес конференција на Зоран Пачешкоски, претседател на ОО СДСМ Прилеп.

Почитувани,

Успешните економски политики на СДСМ даваат резултат, што е особено важно во време на глобална економска и енергетска криза, за поддршка на животниот стандард на сите наши граѓани.

Двојно ја зголемивме минималната плата, од 8.800 денари во времето на ВМРО ДПМНЕ до 18.000 денари а примената започнува со мартовската плата што ќе се исплати на почеток на месец април. Дополнително, на чекор сме до остварување за клучното изборно ветување за просечна плата од 30.000 денари.

  • Економските политики на СДСМ и владата што ја предводи, даваат резултат. Со СДСМ платите растат многу побрзо и значително дури и во криза.
  • Што е особено важно во време на глобална економска и енергетска криза за поддршка на животниот стандард на сите наши граѓани.
  • Платите растат во сите сектори. Тоа значи повеќе пари во семејните буџети на работниците, повеќе пари во семејниот буџет на граѓаните.
  • Со најновото покачување на минималната плата, над 80.000 работници ќе добиваат по 3.000 денари месечно повејќе со мартовската плата која се исплаќа во месец април.
  • Покрај покачување на пензиите и платите пример за тоа е и пакетот антикризни мерки од 400 милиони евра со кои им се помага на граѓаните, но и на компаниите.
  • За време на ВМРО ДПМНЕ минималната плата изнесуваше 8.800 денари а СДСМ веќе ја покачи на 18.000 денари. Тоа јасно кажува кој се грижи за работниците и својот народ.

Ви благодарам.