ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ СМЕТА ДЕКА ОДРЕДЕНИТЕ ПОЗИТИВНИ АКТИВНОСТИ И НАПРАВЕНИ ЧЕКОРИ НА АКТУЕЛНАТА ВЛАСТ ЗА КРИВИЧНО ГОНЕЊЕ НА АКТУЕЛНИ ВИСОКИ ФУНКЦИОНЕРИ, СЕ ОХРАБРУВАЧКИ И ТРЕБА ПОНАГЛАСЕНО ДА ПРОДОЛЖАТ

0
356

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ (ПП), денес на седница на Извршниот одбор, донесе заклучок, повторно, со соопштение за јавност, поради децениската неефикасност во борбата против корупцијата и организираниот криминал, да ја искаже својата загриженост за состојбите во функционирањето на правосудниот систем и остварувањето на владеењето на правото и правдата, како и да даде поттик за ефикасно надминување на ваквата погубна состојба за граѓаните и државата. Имајќи го во предвид виталниот интерес на своите членови и подржувачи, чиј придонес, труд и жртвување се втемелени во независна и суверена Македонија, Партијата на пензионери ја искажува својата загриженост за состојбите во функционирањето на правосудниот систем и остварувањето на владеењето на правото и правдата, особено во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Недовербата на граѓаните во правосудниот систем и во борбата на државните институции против криминалот и корупцијата која е на засрамувачко ниво, е последен аларм и појдовна точка од која треба да се отпочне со создавање на потребна политичка атмосфера и преземање на решавачки мерки и активности за пресекување на негативните состојби и нивно искоренување.

Водени од фактите и потребата од итна и енергична акција за позитивни промени, ги повикуваме сите чинители на власта, политичките партии и НВО, секој во доменот на своите обврски, надлежности и можности, да преземат чекори кои ќе оневозможат поединци и групи да продолжат да ги разјадуваат темелите на правосудниот систем и на државата.

При тоа Партија на пензионери смета дека, во изборот на најсоодветниот модел на спроведување на ветинг и опции за донесување на Закон за утврдување на потекло на имотот, кој ќе ги опфати сите носители на високи политички функции, судии, обвинители, избрани и именувани функционери, доволно се водеше академска дебата. Сега е време за искрено делување и заедничка акција на сите политички субјекти од позицијата и опозицијата, за што ја имаат и ќе ја имаат подршката на ПП.

Само така на дело ќе ја покажат вистинска патриотска и политичка определба за демократски развој на државата и исполнување на условите за членство во ЕУ и само така нема да се дозволи спроведувањето на ветингот и прочистување во правосудтството да го прават истите оние кои својот напредокот во службата и стекнувањето високи функции ги трампале за сопствениот интегритет и професионалност.
Партија на пензионери смета дека одредените позитивни активности и направени чекори на актуелната власт за кривично гонење на актуелни високи функционери, се охрабрувачки и треба понагласено да продолжат.
ПП ја искажува и својата загриженост од отсуството на минимум политичка воља и подготвеност кај опозицијата за оградување од тешките криминални и коруптивни дела и осуда на нивните сопартијци кои се општопознати. “

Во Скопје, 20.01.2023 година
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ