Парична казна за членот на ДУИ кој нападна волонтер

0
943

МВР поднесе прекрошочна пријава против скопјанецот Хајрадин Сулиш, кој вчера пред лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски физички нападна волонтер во поплавеното Сингелиќ, пишува „Фокус“.

Од таму соопштија дека нападниот волонтер, Гоце Маркоски, инаку член на партијата Левица, денеска го пријавил случајот во полиција, по што на напаѓачот му бил издаден записник за констариран прекршок по член 12 од Законот за прекрошиците против јавниот ред и мир.

Според членот 12 од Законот паричната казна за овој вид на прекршок изнесува од 600 до 800 евра.

Инцидентот во Сингелиќ настана, откако Маркоски почнал да го критикува експремиерот, по што Сулиш со тупаници се нафрли врз волонтерот.

Од владејачката партија демантираа дека напаѓачот е нивни член или придружник на Груевски.