Парите назад кај граѓаните е реален концепт, само со Мој ДДВ се враќаат 3 милиони евра

0
993

Политиките и мерките на СДСМ кои се насочени кон враќање на парите назад кај граѓаните ги даваат своите резултати.

Во таа насока е и мерката МојДДВ, преку која 15% од данокот на додадена вредност, кој го плаќаат граѓаните, се враќа назад, во нивниот буџет.

Исплатата на првите парични средства од мерката Мој ДДВ е во тек. 186 милиони денари или над 3 милиони евра, се враќаат назад на сметките кај граѓаните кои скенирале сметки за периодот јули август и септември оваа година.

Успешноста на мерката МојДДВ, се гледа и во тоа што граѓаните не само што добиваат денар плус на својата сметка, туку тие се и даночни инспектори и директно помагаат  во сузбивање на сивата економија.

Мерката МојДДВ е само еден од начините преку кој државата покажува вистинска грижа за граѓаните и се повеќе пари завршуваат во нивниот семеен буџет.

Концептот Парите назад кај граѓаните е реален и дава видливи резултати. 

Како одговорна партија, продолжуваме со мерките што обезбедуваат економски раст и повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин.