Паравоените служби од СГС на началникот Мијалков повторно малтретирале службени лица на МВР

0
4084

Вчера (25.10.2016), паравоените служби на мијалков повторно малтретирале службени лица.

Околу 23 часот, кога група инспектори од Секторот за недозволена трговија (СНТ) на СВР Скопје спроведувале активности согласно планот со задачи, тие имале несреќа да мораат да вршат службени задачи на ул. Салвадор Аљенде. Нивните активности не биле воопшто поврзани со постапките на СЈО. Тогаш, обезбедувањето на началникот им пришло на полицајците на улица и се обидело да ги легитимира. Неколку моменти подоцна, со голема брзина на местото пристигнал црн Сеат Леон со штипски таблици од Одделот за обезбедување, дел од Централните полициски служби на МВР, порано познат како Шеста управа.

Дури и откако полицајците од СВР Скопје се легитимирале, па дури и гласно извикувале „и ние сме Полиција!“, овие не ги пуштиле да продолжат со своите службени задачи, ниту да си одат. Извадиле пиштоли и им спровеле личен преглед и претрес, како и преглед и претрес на службеното возило. За вереме на легитимирањето и претресот им ги одземале дури и легитимациите и малите ташнички кои ги носат инспекторите, во кои има службено оружје. Им ги проверувале телефоните.
Целата глупост траела околу половина час.

Откако паравојската од шесттата управа и од СГС се увериле дека инспекторите не се луѓе на СЈО, ги пуштиле да си одат.

Така да, имам едно прашање за зврлевски и за началникот:
Како се вика на латински Противправно лишување од слобода, Противправно задржување, Злоупотреба на службена должност, Малтретирање во вршење на службата и Попречување на службено лице во вршење на службени дејствија?

За последното можете да го прашате чавков, бидејќи тоа е делото во секоја втора кривична пријава за протести (покрај Учество во толпа).

Фејсбук статус на Павле Богоевски