Пановски: Секој ден одиме во продавница, зошто би се заразиле на избори?

0
1114

Не чув дека има казни за масовните собири, нема контрола и затоа сме на ова дереџе, изјави докторот Никола Пановски на Канал 5.

-Сарај има повеќе случаи од Дебар, но тамошните граѓано имаа поголема свест и сами бараа помош од науката. Карантинот требаше да се укине или да остане во секој град согласно бројот на заразени, а недостасуваше и стога полициска контрола – порача Пановски.

Според него, нема причина да се стравува дека некој ќе се зарази на избори во ситуација кога секој секојдневно оди во проддавница.