ПАНДОВ КОЈ 12 ГОДИНИ ЈА БРАНЕШЕ НА ТВ ДИКТАТУРАТА НА ВМРО ДПМНЕ: КОВАЧЕВСКИ САМ ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД СРАМ ЗА НЕУСПЕСИТЕ НА ВЛАДАТА, АКО НЕ ЌЕ ГО СРУШИМЕ СО ПРОТЕСТИ

0
1556

Александар Пандов од Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ информира дека партијата ќе излезе на протести доколку не се прифати датум за предвремени парламентарни избори.

-Тоа значи народ на улица, максимален притисок. Според мене 100 дена од работењето на Владата не е мал период. Кога Димитар Ковачевски дошол на чело на владата знаел што наследува и кого наследува, вели Пандов во емисијата „Само вистина“.

Според него, Македонија оди наназад во секое поле.

-Македонија нема едно поле на кое што може да се пофали и во таква ситуација чесно и поштено е да речеш „луѓе, еве ми помина меракот, ќе кажам на внуци сум бил премиер, сум бил претседател на партија, не можам“, вели Пандов во емисијата „Само вистина“.