Падна договор на кооридинацијата во Собрание: Илче Велешанче од Халкидики ќе биде претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата

0
1734

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски ќе биде претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Ова беше договорено на денешната координација во Собранието по тридневни консултации.

Според претходно договореното од политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, СДСМ пет, а ДУИ и Беса по еден член.

Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата  за прашања на изборите и именувањата е предуслов за продолжение на конститутивната собраниска седница која почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.