Павле Трајанов: Најмалку 6 милијарди евра може да се конфискуваат и вратат на граѓаните

0
866

Павле Трајанов, носител на кандидатската листа за пратеници во првата- Скопска изборна единица денеска разговараше со поголем број на граѓани од Аеродром, при што ги презентираше и приоритетите од Изборната програма нa Коалицијата за промени и правда.

На прес конференцијата го промовираше проектот ДЕКРИ, со кој се објавува „Војна против криминалот”.

– Веднаш по изборите ќе формираме Агенција за борба против организираниот криминал, чиј директор со мандат од седум години ќе го избира Парламентот со двотретинско мнозинство на предлог на независно тело составено од универзитетски професори, новинари, претставници од граѓанскиот сектор, експерти и др. Агенцијата ќе работи на откривање на скриениот капитал на функционерите и на сите други вклучени во тешки облици на организиран криминал. Во законита суска постапка, криминално стекнатиот капитал, ќе се конфискува и преку посебен фонд со кој ќе управуваат граѓаните, ќе се враќаат украдените пари, токму на граѓаните. Проценките се дека од Македонија се извлечени околу 30 милијарди евра од кои над 5 милијарди евра во последните 10 години. Овие пари се на контата на функционери, актуелни и поранешни, како и на контата на бизнис елитата односно олигарсите во Македонија. Враќањето на капиталот во матичните земји од каде потекнува е и во согласност со дир ективите на ЕУ.

Сите пари не можат да се вратат, но можно е најмалку 6 милијарди, да се конфискуваат и вратат на граѓаните. Со проектот се предвидува заострување и на казните и изрекување на заштитна мерка, забрана на политичко дејствување и извршување функција од најмалку 10 година. Со реформите на безбедносните служби, се предвидува формирање Совет за национална безбедност, укинување на полициските овластувања на УБК и формирање на Оперативно технички центар (прислушен) под директна контрола на Парламентот. Дел од реформите се и враќањето на позорникарите-полицајци, во населбите, и во функција на поголема заштита на имотот и зголемување на безбедноста во целина – нагласи Трајанов.

Павле Трајанов ги повика сите граѓани, посебно неопределените и тие што воопшто досега не гласале, да гласат за број 5, да гласат за кандидатите за пратеници на Коалицијата за промени и правда.