Павле Трајанов во посета на Карпош, граѓаните не се чувствуваат безбедни

0
891

„Павле Трајанов, носител на листата во Скопската изборна единица, од Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА, денес разговараше со граѓаните од Карпош, кои искажаа бројни проблеми и неизвесности со кои се соочуваат, меѓу кои загаденоста на воздухот, ниските плати, процесот на иселување на младите, задолженоста на државата, лошата финансиска состојба на пензискиот фонд и посебно големиот број на кражби во станови.

Во разговорите, Трајанов посочи дека, Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА има програма за гасификација и изградба на топловодни системи, услови за отворање на мали фирми и вработување во нив на над 90.000 невработени стручни кадри, враќање на позорната служба на терен и целосна стабилизација на државата.

Одговорноста за кризата мора да ја понесе раководството на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека на 11 -декември се одлучува “да се биде или не”.

Трајанов побара поддршка од граѓаните. На изборите гласањето е тајно, затоа слободно гласајте за бројот 5 (пет), така режимот ќе падне. Гласајте за стабилност“, се вели во соопштението на Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА.