ПАВЛЕ ВОСКОПУЛЕ: ГРЦИЈА СИ ДАДЕ АВТОГОЛ СО ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА!

0
1062

Грција според мене направи вид “автогол” со форсирање географскиот префикс на соседната држава но веќе сторено е што е сторено.

Топката во Грција сега околу договорот и промената на уставот и името на државата од Република Македонија на Република Северна Македонија. Ќе се види следните месеци како Грција ќе реагира…

  1. За републикатаи Македонските граѓани нема проблем со географскиот префикс околу Македонскиот национален идентитет, Македонскиот јазик и околу. Се е “Macedonian”.
  2. Немаше Македонска држава на Балканот за да асоцира на поделби каок што беше сите овие години уставното име, Република Македонија.
  3. Сега ептен со географскиот префикс се интернационализира “поделбата”. И ние Македонците ако слушниме за “Северна Лапонија” автоматски ни асоцира и за вид “Јужна Лапонија”, поделба и сл. Зависи од секоја инвидивидуа да чита и да бара за таков тип поделби…
  4. И денес Грција се плаши дека ќе се “разбудат” национално – масовно припадниците на Македонското малцинство во нашите краишта. Поздрав од Лерин 🙂

П.С. 1. Еден дел од Грчките кругови мислат дека ќе се растури младата Република Северна Македонија што според Грчкиот мит-историја Северната или Горната Македонија не се ослободи при Балканските војни … Бидејќи Македонија е секогаш Грчка од антиката.

П.С.2. Друг дел од круговите тука мислат дека со таков тип решение, губи Грција бидејќи терминот “Македонија” на државно ниво ќе се употреби на меѓународно ниво и ќе се оспорува Грчкиот карактер на северна Грција.

Конкретно кога во Северна Македонија не се Грци граѓаните таму тогаш во Јужна Македонија (неминовно префиксот “Северна” асоцира на другата страна …) што и какви луѓе живеат таму?

П.С.3. Трет дел тука мислат дека со географскиот префикс барем ќе се разликува од овај Грчкиот дел на северот што го користи терминот “Македонија”, ама тука има употреба само на внатрешни – административни потеби терминот и не делува на меѓународно ниво.

П.С.4. Грција има проблем со сопствената национална идеологија околу Македонштината.

Фејсбук статус на Павлос Воскопулос Филипов