ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ: Разликата е помала од посакуваната, а пораката која ја испраќаат нашите гласачи е јасна и гласна

0
1649

Резултатите покажаа дека Стево Пендаровски е кандидатот кој ужива најголема поддршка од граѓаните.

Сепак разликата е помала од посакуваната, а пораката која ја испраќаат нашите гласачи е јасна и гласна.

Време е за сериозна работа пред вториот круг, но и уште посериозно размислување за лекциите кои треба да ги научиме од денешниот ден.

Честитки за Стево. Тој е одличен кандидат, а ќе биде уште подобар Претседател. Продолжуваме, #ЗаедноНапред.

Фејсбук статус на пратеникот Павле Богоевски