Павле Богоевски: Претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски конечно и самиот ќе се најде пред суд

0
1251

Претседателот на Кривичниот суд владимир панчевски конечно и самиот ќе се најде пред суд.

Судијата Иван Џолев го тужи за дело поврзано со влијание врз судија.

На ова, панчевски рекол дека ако вршел притисоци, требало да биде пријавен кај повисок суд, во Судскиот совет или во комисијата за утврдување факти. И рече дека не се сеќевал дека вршел притисоци.

Е сега, ако сака претседателот на Судскиот совет зоран караџовски да одговори КОЛКУ ПОПЛАКИ од судии од Основниот суд Скопје 1 стигнале против панчевски во неговиот мандат, и за какви притисоци од него се жалеле судиите од овој суд.

Дали имало поплаки за распределбата на предметите, за насоките од негова страна како да се води истрага и какви одлуки да се носат.
Ама не, нема да одговори караџовски. Тој е тој што се жалеше на притисоци од СЈО. Нема да одговори ниту панчевски. Тој е единствениот судија-милионер во Република

Македонија, со имот од над еден милион евра.

А и двајцата се од тефтерот на Горде.

Фејсбук статус на Павле Богоевски