О ГОСПОДЕ БОЖЕ : СУДИЈКАТА МЕРИ ДИКА ТВРДИ ДЕКА БОКИ БИЛ СРЕДНО БОГАТ А ПРИЗНАВА ДЕКА БИЛЕ НА ЛУКСУЗЕН ШОПИНГ ВО МИЛАНО ОД 100.000 ЕВРА И ЛИЧЕН ВОЗАЧ?

0
1358

Судијката Мери Дика – Георгиевска од Апелациониот суд Скопје, кума на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, прва денеска сведочи во предметот „Рекет“, како сведок на Обвинителството, кое го докажува перењето на дел од тие милион ипол евра кои пријавителот Орце Камчев тврди дека му ги дал на Јовановски, објави СДК.

На прашање, апелационата судијка потврди дека зимата 2018 година заминале со кола за Милано таа, Бојан, мајка му и возачот. Синот, рече таа, 5 години ми живее во Милано.

„Што купуваше Бојан?“, праша обвинителката.

„Не знам, со мајка му бев“, одговори таа.

„Вашиот пасош е приложен за враќање средства со такс фри?“, ја потсети Дика обвинителката.

„Да, мајка му купуваше, јас ѝ го дадов мојот пасош за податоци за такс фри. Не беа тоа големи суми“, рече Дика.

Повеќе на следниот линк.