ОЈО ОТВОРИ ИСТРАГА: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПЕТРОВЕЦ ЗА 6 ГОДИНИ ПРЕКУ ЛАЖНИ ФАКТУРИ ИСПУМПАЛ 500.000 ЕВРА ОД ОПШТИНАТА НА СМЕТКА НА ФИРМА ВО СОПСТВЕНОСТ НА СВОЈОТ БРАТ

0
1258

Јавното Обвинителство отворило истрага против градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, и неговиот брат под сомнение за злоупотреба на службена должност и перење пари.

Според информациите од ЈО, Митевски е осомничен дека во период од 2012 до 2018 година потпишал 24 фиктивни фактури во вредност од половина милион евра на фирмите чијшто вистински сопственик е неговиот брат.

Случајот со поднесена кривична пријава го започна Управата за финансиската полиција, чиј директор Арафат Муареми, тврди дека братот на градоначалникот е вистински сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на фирмите „Аце транс компани“ и „Леома транс “ ДОО Скопје. Проблематично е и тоа што во јавната набавка компанијата лажела дека поседува техничка опрема за да се стекне со право да учествува во тендерот.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред локалните избори, по отворањето на случајот од страна на Финансиска полиција, рекоа дека Обвинителството за организиран криминал и корупција веќе го има истражено овој случај воп 2017-2018 и дека бил затворен како чист.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал минатиот месец отворило истрага против градоначалникот Митевски, вработен во општината, братот на градоначалникот и управител на една од фирмите за кои постои основано сомнение дека преку нив биле издавани фиктивни фактури.