ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН НЕМА ДА СЕ ОДРЖИ ПОРАДИ БЛОКИРАНА СМЕТКА НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА

0
572

Традиционалниот Охридски пливачки маратон оваа година нема да се одржи, информираа денеска од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, откако тој се сретна со претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски.

Од кабинетот на претседателот соопштија дека маратонот, кој е под покровителство на претседателот нема да се одржи поради причини поврзани со блокираната сметка на Националната пливачка федерација и, како што велат, финансиското работење на претходното искуство.

Пендаровски на средбата со Стојановски истовремено разговарал за реализираните активности на федерацијата, за организациските проблеми и предизвиците во пливањето на домашен и меѓународен план, како и за идните планови на федерацијата.

Охридскиот пливачки маратон е меѓународно натпреварување во пливање на отворени води. Натпреварувачите ја препливуваат патеката „Климе Савин“ која е долга 30 километри, односно од манастирот „Свети Наум“ до Градското пристаниште во Охрид.