ОХОХОООО – ШТО ЌЕ КАЖАТ СЕГА ВМРОВЦИТЕ НА ОВА?! ЗАМРЗНАТ ИМОТОТ НА СИНОВИТЕ НА БОНЕТО!

0
1967

По барање на Специјалното јавно обвинителство замрзнати се становите на синовите на поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, соопшти денеска специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

СЈО во декември минатата година соопшти дека е отворена истрага против Бонева, за злоупотреба со патни трошоци. Според СЈО од 25ти јуни до 16 декември на Собранието Бонева му давала лажни фискални сметки од патарини, иако имала сместување во Скопје.

Јанева денеска соопшти дека го повлекла обвинението за „Сопот“ затоа што нема докази дека настанот се случил согласно претходното обвинение и дека СЈО има друга теорија за случајот.

Шефицата на Специјалното јавно обвинителство додаде дека мандатот на СЈО трае до 2020 година и најави дека јавноста ќе ги гледа обвинителите и во други истраги и обвиненија.