ОТЧЕТ ЗА 100 ДЕНА НА БОЧВАРСКИ: Примени на разговор над 7000 граѓани, гасификација, брана на Отиња, детска градинка, поевтина вода…

0
1025

Штип, 12.02.2018

„Ги започнавме процесите за гасификација на Штип каде сме чекор поблизу, обезбедивме 10 милиони денари за допроектирање на браната на Отиња, после 30 години пролетва започнуваме со изградба на нова детска градинка, проектираме затворен училишен базен, го решаваме сообраќајниот метеж во градот, се насочуваме кон отворање јавен градски превоз, остваривме и остваруваме развој и обнова на севкупната градска инфраструктура, ја укинавме наплатата за паркинг во одделни делови на градот, работиме на важниот локален пат Шашаварлија-Кошево-Почивало, формираме Солидарен фонд во кој се вклучува целиот град, остваруваме средби за прекугранична соработка“…

04Ова го истакна штипскиот градоначалник Благој Бочварски на денешната средба со граѓаните на која даде отчет за првите сто дена на него како татко на градот и на целокупната нова локална власт.

Според Бочварски, Штип ќе биде меѓу првите градови во државата чии граѓани ќе ги почувствуваат сите бенефити од гасификацијата на градот.

03

Главната гасоводна линија е во атарот на нашата општина, а по остварената средба со директорот на Македонски енергетски ресурси Благојче Котевски, очекуваме Штип да биде првата наредна општина која ќе ги користи благодетите на најефтиниот енергетски ресурс при што институции, стопански субјекти, граѓани ќе ги намалат трошоците за енергија и до 70 проценти“, рече Бочварски.

Гасификација, брана на Отиња, нова детска градинка, Солидарен фонд, затворен училишен базен, почит кон првиот претседател Глигоров, решавање на сообраќајниот хаос, стационар за бездомни кучиња, тоа, помеѓу другите, се проектите кои започнаа да се работат со што Штип добива една сосема нова физиономија…

Во однос на браната на Отиња градоначалникот уште еднаш потврди дека од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство општината има обезбедено 10 милиони денари, пари со кои ќе се изврши допроектирање на проектот кој е од пред десеттина години. –„Штип, во овој четиригодишен мандат ќе ја има браната, ќе си го оствари својот 40 годишен сон“, кажа децидно Бочварски.

02

Во однос на новата детска градинка градоначалникот посочи дека општината ги направила сите подготвоки за таа летово да се гради во најживата и „најмлада“ населба Сењак. Ова е посебно радосна вест за 155 млади штипски семејства кои нема каде квалитетно да ги згрижат своите деца додека се на работа. –„За градинката 45 проценти од потребните финансии ги обезбедува Источниот плански региона, другото го обезбедуваме ние. Ова е првпат општина Штип да користи пари од ИПР“, истакна Бочварски.

Оваа локална власт е прва која се сети на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија. Тоа е направено на начин што градоначалникот Бочварски постхумно му го врачи најголемото штипско одликување орденот „Сцети Никола“, и што на негов предлог Мултимедијалниот центар денес го носи името на покојниот Глигоров.

Во изминатитесто дена  локалната власт донесе одлука за намалување на цената на водата за 5 проценти, а уште за толку ќе биде намалена од почетокот на идната година, укинато е платеното паркирање во некои делови од градот со што, според градоначалникот, парите се враќат кон граѓаните.

„Во населбата Сењак, до основното училиште „Димитар Влахов“ летово ќе изградиме затворен училишен базен кој ќе можат да го користат и повозрасните, во Новакова Чешма се реализира стационар за бездомни кучиња, наскоро ќе воведеме јавен градски превоз, формиравме Солидарен фонд за помош на оние на кои помошта најмногу ќе им треба“, информира градоначалникот.

Бочварски во овој период остварил средба со над 700 граѓани, бил на сите дебати на кои се говорело за важни за општината прашања, остварил средби со невладини организации и од секаде добивал одлични предлози за тоа што му е потребно на Штип и во каква општина штипјани сакаат да живеат. –„На нас е таа потреба да ја исполние и на тоа ќе бидат посветени сите наши денови до крајот на овој мандат“, рече Бочварски.

(Фото: Фото студио Никола Пуздерлиски)