Отстранети 40 кандидати за полицијаци бидејќи аплицирале со фалсификат партиски книшки на ВМРО ДПМНЕ!

0
2837

По првиот ден на селекција на кандитатите за полицајци, веќе се отстранети 40 лица за кои е откриено дека аплицирале со фалсификат членски книшки од партиите ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, соопштува МВР.

„По опсежна проверка, кај 40 лица пронајдени се фалсификат партиски книшки. Кај 36 лица се пронајдени фалсификувани книшки од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ додека четири лица имале фалсификат членски книшки од партијата ДУИ. Преку ваквото фалсификување на книшките лицата сакале да се претстават како членови на партиите со цел да бидат рамноправни со другите 3932 кандидати кои нависитна се членови или активисти на споменатите партии. Сите лица со фалсификат книшки се отстранети од натамошниот процес на регрутација, а против истите ќе бидат поднесени и соодветни пријави.“ соопштија од МВР, додавајќи дека Министерството продолжува со компленти проверки на сите пријавени кандидати.

Извор: Коза Ностра