ОТКАКО ПОЛИЦИЈАТА ВО САД УБИ УАПСЕН ЧОВЕК ПОРАДИ ФАЛСИФИКУВАЊЕ ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗАПАЛИЈА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО МИНЕАПОЛИС

0
1105

Гувернерот на Минесота прогласи вонредна состојба во оваа американска сојузна држава по бурните и насилни демонстрации поради убиството на Џорџ Флојд, кој буквално беше загушен пред камерите на мобилните телефони на сведоците од страна на насилни полицајци.

Јужниот дел на Минеаполис, експлодираше од незадоволство. Изминатата ноќ беше хаотична. Беа запалени бројни објекти и автомобили.

олем број од демонстрантите се впуштија во нелегални активности. Камерите забележаа дека безмилосно ги ограбуваат продавниците, а потоа ги палат.

Гувернерот Тим Волц, побара да се подигне кривична пријава против четворицата полицајци кои веќе се отпуштени од работа.

​Американскиот претседател, Доналд Трамп, се огласи на Твитер. Кажа дека нема да го трпи ова безредие и ќе издаде наредба војската да делува, односно по потреба да пука.