ОТКАКО ГИ СОВЕТУВА АМЕРИКАНЦИТЕ ДА ИНЈЕКТИРААТ ВО КРВТА СРЕДСТВА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА, ОТКАКО ПОЧНАА МАСОВНО ДА СЕ ТРУЈАТ, ТРАМП ОДЛОЖИЛ ВТОРА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА СО ИЗГОВОР ДЕКА НЕ ВРЕДИ КОМЕНТАР?! ПА КАКВА Е ОВАА НЕСЕРИОЗНА БУДАЛА БЕ ЛУЃЕ?!

0
1067

Кризниот штаб на Белата куќа нема ни денска да одржи дневна прес-конференција, веќе втор ден по ред, по контроверзната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп за инјектирање средства за дезинфекција.

Американскиот претседател во четвртокот посочи дека инјектирањето средства за дезинфекција може да помогне против коронавирусот, а тоа тврдење сега го прогонува.

Производителите на средства за дезинфекција Лисол и Детол ги предупредуваат граѓаните да не ги трошат овие средства заради неговите коментари. Јавните здравствени агенции исто така издадоа предупредувања.

По скратената конференција во петокот, каде не се поставувале прашања и без состанок во саботата, Трамп објави твит со кој се доведува во прашање иднината на дневните прес конференции.

„Која е поентата на организирање конференции кога медиумите поставуваат само непријателски прашања и одбиваат точно да информираат за вистината и фактите“, напиша Трамп на Твитер.

„Тие добиваат рекордна покриеност и Американците немаат ништо друго освен лажни вести. Не вреди време ниту напор“, додаде тој.

Истражувањата покажаа дека конференциите му помагаат на Трамп да достигне популарност во изборната година во која тој не може да одржува митинзи заради воведените мерки за социјална дистанца.

Сепак, во исто време, неговите демократски противници ги користат неговите зборови против него во претседателската кампања пред изборите во ноември.

Извор : Канал5