Отворен е конкурсот за државната награда „22 ноември“

0
755

Распишан е конкурс за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2020 година.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Државната награда под условите утврдени во конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и иинституции од странство.

На награден поединец му се доделува: диплома и паричен износ. Паричниот износ на државната награда „22 Ноември“ изнесува пет просечни месечни плати во Македонија исплатени во последните три месеци на тековната година.