ОТВОРАЈТЕ ОЧИ КОГА ЗАМИНУВАТЕ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО СТРАНСТВО! МНОГУМИНА СЕ ИЗГОРЕЛЕ

0
467

Во отсуство на државна стратегија за сезонско вработување во странство, странски агенции, работодавачи и поединци од земјава и странство „ловат во матно“ и обезбедуваат работници без притоа државата да знае кој кадар ја напуштил земјата и под кои услови работи во странство, велат упатените.

По Германија, која објави висока бројка за вработување на Балканци, и земјите од поблискиот регион тргнаа во „лов“ на работници од земјава. Агенции и работодавачи од Хрватска и Словенија веќе објавуваат огласи за обични работници, за угостители и градежници, главно за претстојната туристичка и градежна сезона. Огласи по социјалните мрежи има и од поединци, македонски или странски државјани, кои вработуваат во странство, а веќе има најави и за сезонски вработувања и од домашните агенции за посредување при вработување во странство. Интересот кај граѓаните уште не е утврден, но ако се знае дека годишно речиси 10.000 луѓе работат сезонски во странство, може да се очекува слична бројка и годинава.

Искуствата од изминатите години говорат дека дел од граѓаните кои сезонски работеле во странство се задоволни, но има и такви кои биле излажани, платиле за вработувањето, но не добиле плати и поволности според огласот или усниот договор со посредувачите.