Оставка за Ѓорѓи Иванов од функцијата Претседател!

0
931

Impeach Ivanov!

Со овој ” Акт ” Ѓорѓи Иванов на институцијата Претседател на Македонија и зададе морален удар со далекусежни последици.

Оваа карикатурална фигура ,овој безрбетен и безличен поданик на криминалната коалиција на Груевски-Ахмети , денес изврши генерално бришење на криминалот,корупцијата и сите останати злодела во поновата историја на Македонија и од Македонскиот устав,закон, право, и морален систем на вредности направи Tabula Rasa!

Ставајќи се во улога на “Господ”, познат во класичната книжевност како Deus-ex- Machina, Иванов, со еден зафат на перото ја воведе Македонија во еден нов циклус на спирален и незапирлив пад на сите уставни,морални и етички норми и вредности и му изрече смртна пресуда на уставот, законот,правото и демократијата во Македонија.

За ваков анти државен чин,овој најнизок примерок на политички влекач,овој камелеон мора да биде казнет со одземање на неговиот статус Претседател на држава за која не направи ништо во текот на неговите два мандати. Тој е лицето на срамот на Македонија.

ОСТАВКА ! IMPEACHMENT!

Фејсбук статус на Нестор Огинар