Основен суд 1: Чичолина е невина, порничите ги снимала неовластено!

0
1346

Основениот суд Скопје 1 на барање на адвокатот Никола Додевски денеска донесе одлука дека порно-актерката Чичолина е невина. Судот преку соопштение се произнесе за невиноста на Чичолина, а како аргумент за ваквата одлука е наведен фактот дека „порничите на Чичолина се снимени неовластено, односно снимањето било без претходно одобрение од Основен суд 1“.

Коза ностра ви го пренесува соопштението во целост:

„Ја информираме јавноста дека постапувајќи по барање за издвојување на докази од списи на Основното Јавно обвинителство согласно чл. 93 вв чл 12 од ЗКП, поднесено од адвокат Никола Додевски, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје, донесе решение со кое се уважува барањето за издвојување на докази-порниќи и клипови од истите, од предметите на ОЈО оформени по поднесена кривична пријава на гладачите на порничи.

Иако снимките од филмовите приложени како доказ се доста експлицитни, тие треба да се издвојат како незаконски прибавени докази бидејќи согласно чл. 12 с.2 од ЗКП не може да се користат и врз нив да се заснова судска одлука, а согласно чл. 93 од ЗКП надлежен за донесување на решение за издвојување докази од списи е судија на претходна постапка најдоцна до завршување на истражна постапка. Според сето наведено, за Основниот суд 1 Чичолина е невина се додека не биде снименa порка на барање на обвинител или истражен судија, а тоа не е дел од нашата судска пракса“.

Извор : КозаНостра