Османи се извинува ако бил арогантен и им подава рака на сите за брзо формирање Влада

0
1058

Фронтменот во сенка на ДУИ, Бујар Османи, доцна синоќа, објави статус во кој нуди извинување и помирување.

,,По потврдата на резултатите од страна на ДИК, сакам да им честитам на сите политички партии за постигнатите успеси, особено на албанските политички партии, кои покажаа зрелост во политичката трка и значително ја зголемија застапеноста на Албанците во парламентот.

Сега времето на натпреварување е завршено и сите ние мора да соработуваме што поскоро да ги формираме институциите за да се соочиме со пандемијата, нејзините економски последици, но и да се подготвиме за почеток на преговорите.

Подаваме рака на соработка на сите, со искрени намери што поврзо да се фатиме за работа за подобар живот за сите. Никој да не се чувствува разочарано, ќе работиме за сите подеднакво без политички и етнички разлики.

Се извинувам ако за време на кампањата нешто згрешив иако дадов се од себе да не бидам навредлив и арогантен.

Честитки до сите граѓани од сите заедници во земјата. Во нас и во мене ќе имате само еден слуга кој се поклонува на вашата волја со искрена намера да го направиме животот подобар за сите“-напиша тој.