ОСМАНИ ПОТВРДИ : ИМАМЕ ИНФОРМАЦИИ ДЕКА МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ СЕ ФИНАНСИРАНИ ОД МОСКВА (СИГУРНО НЕ МИСЛИ НА АПАСИЕВ И ЛЕВИЦА, НЕ И НЕ, НЕМА ШАНСИ ТАКВО НЕШТО ТИЕ ДА БИДАТ РУБЉАШИ)

0
1244

Бујар Османи, министер за надворешни работи | Фото: МНР
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите потврди дека има сознанија и индиции за руско влијание на политичкиот живот, во земјава преку одредени извори на финансирање.

Тој рече дека нема дополнителни информации во врска со информацијата која произлезе од Стејт департментот според која Русија тајно дала повеќе од 300 милиони долари на политички партии и кандидати во десетици земји, влучително и на политичари од Западен Балкан од 2014 година, но истакна дека од анализите на нашите инстиуции има такво нешто и тоа е комуницирано и констатирано во неколку наврати.

„Има обиди за такво вмешување во партиско-политичкиот живот во Република Северна Македонија, но тие прашања ќе ви ги одговорат инстицутиите што се надлежни за тоа“, рече Османи.

Шефот на дипломатијата одговарајќи на прашање за најавите на Левица за распишување нова иницијатива за референдум рече дека негов личен став е дека тие не се македонска партија, туку „партија во функција на руската пропаганда за да го свртат македонскиот народ против ЕУ и САД“.

Според извештајот на американските разузнавачи, кој го пренесе и хрватскиот медиум Јутарњи.хр, Русија ѝ дала половина милион долари на албанската Демократската партија во 2017 година преку фантом компании. А, овие податоци се совпаѓаат со истрагите што тогаш беа отворени во Албанија против опозициската Демократска партија, врз основа на изјавите дека американската фирма за лобирање „Музин Капитол Партнерс“ известила дека парите ги добила за Демократската партија. Имено, лобистите во 2018 година пријавиле во Министерството за правда на САД дека примиле три исплати во вкупен износ од 675 илјади долари, за својата работа во корист на Демократската партија во 2017 година.

Освен Албанија, во извештајот се споменуваат и Босна и Херцеговина и Црна Гора. Станува збор за финансирањето на кампањата на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик за изборите во 2018 година, како и пари за проруската партија во Црна Гора, Демократски фронт.

Од јавноста, како што пишува Јутарњи, се сокриени информации за другите земји во регионот, но во Словенија, Јанез Јанша може да смета на финансиската поддршка на Виктор Орбан, која индиректно го поврзува со руски извори.

Според Јутарњи има две суштински прашања за кои би било добро да се објават американските разузнавачки информации. Првата е за кого плати Москва за време на изборите во Бугарија (на 2 октомври ќе бидат четврти избори во последните две години).

„Сигурен примател е Социјалистичката партија, но би било вредно да се знае дали во „црната книга“ на Кремљ е вклучен и Слави Трифонов, пејачот кој стана политичар и ја собори прозападната влада на премиерот Кирил Петков“, наведе хрватскиот медиум.

Друго прашање, според Јутарњи, е Северна Македонија, каде Русија потроши многу пари и инвестираше многу енергија за да го запре Договорот од Преспа, кој го реши проблемот со името со Грција и го отвори патот за влез во НАТО.