ОСМАНИ : ОДБИЕН Е СПОРНИОТ ДЕЛ ОД ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ КОЈ СЕ ОДНЕСУВА НА НАС

0
908

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за ТВ21 посочи дека францускиот предлог не е одбиен, туку само оној дел кој е спорен за Македонија.

-Францускиот предлог, спорниот елемент, спорното прашање не го стави во документот како финално решение – го стави во заграда. Што значи дека тоа не е конечен предлог на француското претседателство, затоа не можам да кажам дека ние документот не го прифативме. Ние не го прифативме тој дел кој што е спорен за нас – рече Османи.

Тој додаде дека францускиот предлог е прифатлив, ако се најде решение за протоколите.

-Доколку се најде решение за ова спорно прашање со протоколите, останатиот дел од францускиот предлог е решение кое е прифатливо за нас – порача Османи.