Ордановски : Тоа што Заев го смени Тевдовски и седна во неговата фотеља, значи две можни работи – ИЛИ САКА БРЗ РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА ИЛИ САКА БРЗА ПЉАЧКА, ДА СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА Е ПРВОТО!

0
1294

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

Кога еден премиер ќе го смени својот министер за финансии и – задржувајќи го како советник околу себе – ќе ги преземе и неговите дотогашни надлежности во Министерството за финансии, тоа во секоја влада значи една работа: дека на премиерот му треба побрз и „поразновиден“ проток на парите одошто тоа го обезбедувал министерот. Брзината значи решителност, значи потреба од поитни резултати, но може да подразбере и невнимателност, помала контрола врз протокот на тие пари и простор за нивна злоупотреба.

Многу скоро ќе видиме која од овие причини превладала во решението на Заев да го смени Тевдовски и да го преземе и неговото портфолио – дали во трошењето на парите му е важна брзината или намалената контрола? Може да е и комбинација, што е познато под квалификацијата „Премиерски брзи прсти“. Знаеме што ѝ зборуваше Ставревски на Јанкуловска на телефон за меракот да се располага со државното „чоколадно“ чекмеже.

Сепак, не е белки НЕКОЈ да мисли дека во 2019 година, после целата криминална галантност со државните пари којашто ја преживеавме со режимот на Груевски, дека сега ќе може да се „протне“ со каква било несериозност, да не спомнам и нешто поопасно, околу ресорот финансии?! Бидејќи, со ова невообичаено, иако не и нечуено решение, Заев сосема ги трга политичките „амортизери“ околу „дупките на патот“ и иднината на јавните финансии во државава. Од сега натаму: пипка-трепка, директно за него!

Другите промени во Владата се, главно, на работ од тоа да се… па, да, скандалозни. Да ја уништиш, со еден потег, целата идеја за „Едно општество за сите“ со тоа што ќе го именуваш г. Садула Дураки, „инженер по машинерија“, за министер за политички систем, тоа е како да ставиш ревматолог да го води ресорот за култура! … Уууупс!

Целата колумна на Цивил Медиа на слендниот линк ОВДЕ.