Ордановски: Се плашам дека ако Ќосето беше жив ќе го убиеше Груевски

0
1125

Груевски се наоѓа пред пораз на изборите, јас ја разбирам паниката во која запаѓаат и донекаде разбирам дека мислат оти со закани ќе успеат да влијаат во јавноста да се добие слика дека се појави, вели за А1он аналитичарот Сашо Ордановски по вчерашниот говор на митингот во Делчево на Никола Груевски.

Според Ордановски, во нормални демократски држави со ваква изјава директно се губат изборите.

-Инаку, Ќосето не е познат по убивање на никој друг отколку на луѓе од ВМРО, вклучително и неговиот брат. Така што, сè се плашам дека ќе го убиеше Груевски, а не Заев, рече тој за А1он.