ОРДАНОВСКИ: ВМРОВЦИТЕ на лицемерен начин си играат дрндупка со низа високи претставници и од ЕУ и од САД!

0
1856

Објективно, се чини дека г. Мицкоски нема за што да се лути: целата епизода од средбата со бугарскиот премиер Борисов е една „тврда“ лекција за тоа како изгледа да си играш – добро, се извинувам, да водиш – „висока политика“, а да сакаш да седиш на две-три столчиња истовремено.

Г-динот Борисов прво му ја расчисти масата на г. Мицкоски за да почне состанокот, ги раскомоти македонските колеги, а потоа му постави неколку логички прашања на лидерот на македонската опозиција. Тоа се истите прашања за кои во Македонија две години се обидуваме да извлечеме јасен одговор, а постојано добиваме образложенија во вид на елиптични флоскули, двозначни и трозначни „математички прецизни“ формулации, а всушност бесмислена политичка демагогија, мешана со наводна проникливост: „Сè што е позитивно за двете страни – му вели Мицкоски на Борисов – ние го поддржуваме. Да немате дилема!“… Немаме дилема. Имаме трилема.

И не само ние што не добиваме јасни одговори, туку на истиот лицемерен начин си играат дрндупка со низа високи претставници и од ЕУ, во билатерални средби со земји-членки на таа Унија, како и со Американците. Резултат? Меѓународната заедница и денеска не е на чисто што ќе добијат од ВМРО-ДПМНЕ, во смисла на регионалната стабилност и просперитет, доколку тие, некако, се вратат на власт во Македонија? Им требаат недвосмислени, јасни одговори, а не евтини политички досетки.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја ОВДЕ