Општина Центар ја реконструира и фасадата на улица „Владимир Полежановски“

0
842

„Општина Центар ја започна реконструкцијата на фасадата на зградата на улица “Владимир Полежановски” 19, со површина од 1 574 м2. Нова фасада ќе добие зградата која била изградена во педесеттите години од минатиот век и е меѓу првите колективни згради во Буњаковец, среде дотогаш доминантните приватни куќи со градини.

Ќе биде задржан нејзиниот автентичен изглед, а боите, како што е веќе практика, ќе бидат избрани во договор со станарите. Новите фасади овозможуваат многу подобри услови за живеење за станарите, заштитени од влијанието на промените во годишните времиња и за 30 % пониски сметки за електрична енергија.

Се работи за контактна фасада, изведена со стиропор со дебелина од 5cm и завршен слој од пластичен малтер. Истотака, ќе се заменат и окапниците и олуците.

Со оваа интервенција, општината реконструираше десет фасади за две години“, се вели во соопштението на Општина Центар.