ОПШТИНА ЦЕНТАР И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САША БОГДАНОВИЌ ГО ПОВИКАА ОСНОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА ПРОТИВ СТОЈМЕНОВ КОЈ ГРАДИ БЕЗ ДОЗВОЛА ОД ОПШТИНАТА КАЈ ТЦЦ ПЛАЗА

0
756

Инспектори заедно со полиција утрово интервенираа на градилиштето на ТЦЦ „Плаза“ поранешно „Беко“ во центарот на Скопје, за да ја стопираат градбата на објектот. Веќе неколку недели, работници за време на викендите изведуваат градежни работи за хотелот иако инвеститорот Борис Стојменов нема дозвола за градба од Општина Центар, бидејќи на сила е мораториумот. Откако полицијата ги запре градежните работи, на градилиштето дојде Стојменов кој се караше со инспекторите, велејќи им дека немаат право да ги стопираат работите и обвинувајќи дека Општината му барала мито од еден милион евра и затоа не му се дава да гради.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека ваквите обвинувања на Стојменов се целосно навистинити.

„Веќе неколку пати му е издадено решение за стопирање на градежните работи, но и покрај тоа се гради. Повикувам Обвинителството да излезе на терен и да поведе постапка. Додека не се донесе новиот план Мал ринг не смее да се гради”, вели Богдановиќ.

Целата сторија ќе може да ја прочитате на порталот СДК ОВДЕ.