ОПШТИНА СТРУМИЦА ЌЕ ПОМОГНЕ ФИНАНСИСКИ 10 ТРЕНЕРИ НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ ВО ОПШТИНАТА

0
431

Струмица е спортски град, а спортистите и спортските работници со нивните успеси, наша гордост.

Како нивни пријатели, ги поддржуваме и поттикнуваме на уште поголеми спортски победи.

Денеска го објавивме Јавниот повик за дотација за тренери во спортските клубови, а средствата ги обезбедивме од општинскиот буџет за 2022 година.

Финансиската поддршка е обезбедена за најмногу 10 тренери во спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот.

Рокот за пријавување е до 18.08.2022 година, а подетални информации може да се добијат од Јавниот повик објавен на општинската веб страница www.strumica.gov.mk