ОПШТИНА ПРИЛЕП : ТРОЈЦА НОВИ ЗАБОЛЕНИ ДЕНЕСКА ВО ПРИЛЕП ОД КОВИД 19

0
850

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, четврток 30 април:

  1. Во општина Прилеп денеска се евидентирани 3 нови случаи на новозаболени од КОВИД-19, а 8 пациенти се излекувани од оваа заразна болест;
  2. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 16 лица. Од нив, 14 се позитивни на коронавирус а двајца пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Двајцата се негативни на КОВИД-19, задржани се заради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба;
  3. Во самоизолација се наоѓаат 228 лица;
  4. Во изминатото деноноќие немало нарушување на полицискиот час.

Воедно, ве информираме дека следната информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп, ќе ја добиете во сабота, 2 мај.